Нов параклис во манастирот „Св. Архангел Михаил“ во Берово

Од:

Монашкото сестринство во манастирот „Св.Архангел Михаил“ во Берово, како дар за Воскресението Христово – Велигден, доби нов параклис од верниците на Малешевијата и бројните посетители од земјава и странство.

Параклисот е уреден во една просторија на древното здание на манастирскиот комплекс, прилагодена за секојдневните духовни потреби на сестринството.

Манастирската црква е изградена пред два века, а иницијатор за тоа бил татко му на познатиот македонски револуционер Димитар Поп Гергиев – Беровски.

Манастирот „Св. Архангел Михаил“ е најпосетуваниот сакрален објект во Берово од домашните и од странските туристи. Покрај верските обреди во конаците и во дворот на комплексот се одржуваат и многу културно-уметнички приредби, како промоции на книги, литературни читања, ликовни изложби, а тука се чува и дел од оставштината на Дедо Иљо Малешевски, Никола Петров Русински, Атанас Раздолов, Димитар Беровски и други знаменити личности од Малешевијата, кои со саможртва за слободата на својот народ си обезбедиле заслужено место во македонската црковна, културна и национална историја.

Игуманијата на манастирот, сестра Синклитикија, изрази голема благодарност до беровскиот иконописец и копаничар Ванчо Чаушовски, за изработката на целивалната и другите уметнички резби во параклисот и благодарност на сите што помогнале за неговото уредување.

Во наредниот период, со заеднички напори на верниците, помош од МПЦ и од Општината, монашкото сестринство очекува да се изврши реконструкција на покривот на храмот и на дел од конаците во манстирскиот комплекс „Св.Архангел Михаил“ во Берово.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Митрололитот Георгиј устоличен на тронот на Дебарско-кичевската епархија

Игуменот Георгиј е нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Горан Наумовски

ВМРО-НП: Дали Македонската православна црква го слуша гласот на своето стадо или работи по диктат од надвор?