Десетици илјади верници на церемонија на Светиот оган во Ерусалим

Од:

Десетици илјади христијански верници присустуваа денеска во Црквата на Светиот гроб во Ерусалим на церемонија на Светиот оган, пред утрешниот Велигден.

Верниците сметаат дека оган од небото го пали пламенот во црквата, подигната на местото каде Исус е распнат, погребан и каде што воскреснал. Ерусалимскиот патријарх секоја година на Велика сабота, откако ќе се увери дека нема ќибритчиња ниту запалка, влегува во Христовата гробница клекнува и се моли и тогаш се појавува Светиот оган. Потоа со него запалува два снопа со по 33 свеќи кои ги претставуваат годините на Исус.

Овој древен ритуал потекнува од 4 век и го симболизира воскресението на Исус на Велигденската недела.
Израелската полиција е присутна поради безбедноста за време на церемонијата, а полицискиот портпарол рече дека десетици илјади христијани присуствувале на церемонијата во и околу црквата.

Верниците се туркаа да поминат низ Капијата Дамаск, а сите други приоди кон стариот град биле затворени од безбедносни причини на неколку часа, па верниците стоеле со часови надвор од ѕидините.

Црквата на Христовиот гроб ја делат Грчката православна, Ерменската црква, Египетската коптска, Сириската православна и Етиопската православна деноминација.

Церемонијата на Светиот оган е еден од најважните моменти во православниот календар, а на неа присуствуваат верници од целиот свет, како и локални палестински православни верници.

Би можело да ве интересира

Бројот на загинати борци на Хезболах може да достигне и до 4.000

Најмалку 17 Палестинци загинаа низ Газа во израелски напади

Елијаху: Не го победивме Хезболах, се согласивме на примирје под принуда

Израел и Либан се договорија: Само официјалните воени и безбедносни сили смеат да поседуваат оружје

Хамас е подготвен за прекин на огнот со Израел

Нетанјаху: Израел ќе одговори со сила на секое прекршување на примирјето во Либан

Горан Наумовски