„Бота Сот“: Можно е обвинение против Хашим Тачи за злосторствата на ОВК

Од:

Косовскиот премиер Хашим Тачи би можел прв да се најде на обвинителната клупа на новиот Специјален суд за процесуирање на злосторствата што ги извршиле припадници на поранешната Ослободителна војска на Косово (ОВК), тврди приштинскиот весник „Бота Сот“.

Според весникот, покрај Тачи на листата на обвинети би можеле да се најдат и потпретседателот на косовското Собрание и еден од основачите на ОВК, Џавит Халити, вториот човек на владејачката Демократска партија на Косово (ПДК), Кадри Весели и актуелниот пратеник и поранешен началник на Главниот штаб на ОВК, Азем Суља.

Со законот за Судот, што го усвои Собранието на Косово, се предвидува со процесите за злосторствата на ОВК да раководат судски совети составени до двајца косовски и еден судија на Мисијата на ЕУ (Еулекс).

Би можело да ве интересира

Кастрати: Целосен дебакл на Курти

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица