Астрономи пронајдоа планета, која според нив многу наликува на Земјата. Планетата која што го доби името „Кеплер-186ф“ се наоѓа во таканаречената „населива зона“, на растојание од ѕвездите каде што има услови за создавање живот.
Таму не е ниту премногу ладно, но ниту топло и научниците сметаат дека на површина на планетата може да има вода во течен облик.
Ѕвездата околу која планетата се врти се наоѓа на околу 500 светлосни години од Земјата.
Е. Г.