Екипата на Емпорио Армани го победи Макаби со 91:77 во вториот натпревар од четврт-финалната серија на кошаркарската Евролига и го израмни резултатот на 1:1 во меѓусебните дуели.
Тимот од Милано, град кој годинава ќе биде домаќин на завршниот Фајнал Фор турнир, до победата го предводеше Џерелс со 17 поени, додека Кангур и Мос постигнаа по 13 поени. Кај Макаби најефикасен на овој меч беше Алекс Тајс со 16 поени.
Четврт-финалната серија сега се сели во Тел Авив каде веќе во понеделник ќе се игра натпреварот број три во серијата подобар од пет.
Утре во Истанбул својот трет натпревар ќе го играат Галатасарај и Барселона во кој шпанската екипа влегува со 2:0 во победи, а со евентуален нов триумф ќе го обезбеди своето место на Фајнал Фор турнирот.