Втора домашна победа за ЦСКА во дуелот со Панатинаикос

Од:

Екипата на ЦСКА Москва и во вториот натпревар од четвртфиналето на Евролигата на домашен терен постигна победа над Панатинаикос.

Рускиот кошаркарски тим за разлика од првиот дуел, кој го доби по продолжение, вечерва беше убедлив и славеше со 77:51 (21:19; 18:6; 11:14 и 27:12).

Со оваа победа ЦСКА Москва поведе со 2:0 во добиени натпревари и потребна им е уште една победа за пласман во полуфиналето.

Најефикасен на натпреварот беше играчот на ЦСКА Сони Вимс со 23 поени, додека кај Панатинаикос Роко Лени Укиќ постигна 15 поени.

Вечерва се игра и вториот дуел меѓу Емпорио Армани и Макаби, во кој гостите од Израел водат со 1:0 во добиени натпревари.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос