„Смајлито“ првпат било употребено во 1648 година, тврди блогер

Од:

Американскиот блогер Ливај Стал тврди дека популарниот симбол за изразување емоции познат како „смајли“, првпат бил употребен во 17-от век.

Денес, општо прифатен е ставот дека симболот „:-)“ го измислил професорот Скот Фалман од универзитетот „Карнеги Мелон“ од американскиот град Питсбург во 1982 година.

Меѓутоа, Стал сега тврди дека овој симбол е многу постар и дека го сретнал во поемата „The Fortune“ на англискиот поет Роберт Херик, напишана во 1648 година.

– Читајќи ја песната на Роберт Херик, мислам дека налетав на првиот „смајли“ во историјата, напиша Стал на својот блог, наведувајќи дека симболот „:-)“ се појавува во поемата покрај зборовите „smiling yet“ (се уште смеејќи се).

Тој вели дека прво мислел оти станува збор за печатна грешка, но подоцна и во друго издание на истото место го нашол истиот симбол.

Меѓутоа, професорот Алан Џејкобс од Универзиетот „Бејлор“ во Тексас вели дека станува збор за печатна грешка, нагласувајќи дека заградите многу ретко се користеле во 17-от век.

Оваа не е прв случај да се доведе во прашање авторот на „смајлито“. Имено, во септември 2012 година „Њујрок Тајмс“ објави говор на поранешниот американски претседател Абрахам Линколн од 1862 година, во кој се појавува симболот „;-)“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ