Само 14 од 129 ученички кои во вторникот беа киднапирани од исламистите на Боко Харам се ослободени, соопшти денеска директорката на училиштето во нигериската држава Борно.
Таа ги демантира тврдењата на нигериската војска дека се ослободени повеќе од сто девојки.
Ученичките беа киднапирани од државната женска гимназија во областа Чибок во државата Норно, откако напаѓачите ја запалија зградата и отворија оган врз војниците и полицијата.
Исламистичката група Боко Харам, што во превод значи „Западното образование е грев“, се бори за воведување на шеријатот и е против модерното образование и наука.