Иванов од Пехчево: Граѓаните веруваат на чесност и посветена работа, а не на празни зборови

Од:

Резултатите од првиот круг покажуваат дека граѓаните веруваат на посветена работа, на спроведени реформи, јасен концепт, јани програми, а не празни зборови, конфузија. Гласовите од граѓаните се доказ дека сме на вистинскиот пат и оти водиме исправни политики, порача на митингот во Пехчево кандидатот за претседател на Република Македонија од ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов.

– Ви благодарам многу што во првиот круг, во неделата направивте разлика. Ви благодарам што вашите гласови се дел од 123 илјади гласови разлика. Ви благодарам за сите ваши гласови. Граѓаните веруваат на спроведени реформи, а не во празни зборови и излитени фрази. Веруваат во она што гледаат дека е сработено: веруваат во новите фабрики, веруваат во новите работни места. Веруваат во автопатиштата кои се градат низ Македонија. Така се сака Македонија. Македонија се сака со дела, кога се градат нови училишта и нови факултети. Кога се градат спортски терени, но и болници. Помина времето кога политичарите се натпреваруваа само со зборови. Денес граѓаните успешноста ја мерат по бројот на отворени работни места, рече Иванов.

Овој тим, кој е предводен од премиерот Груевски, додаде тој, постави нови стандарди во политиката, за иднината на Македонија по кои нема повеќе доверба за политичари кои немаат реална програма, кои не работат макотрпно, чесно, одговорно и кои не поднесуваат отчет.

Screenshot_12
– Ќе не паметат по тоа колку нови работни места сме отвориле во Македонија. Колку семејства се згрижени, колку земјоделци добиле субвенции, колку студенти добиле стипендии. По тоа ќе не паметат. Ќе не паметат по тоа што сме сработиле. Изборите се денот кога се дава доверба. Но, изборите се и денот кога се презема одговорност. Да се работи напорно и на следните избори повторно да се даде отчет и повторно да се даде програма. Со сето она што е направено, се менува Македонија. Се менува Македонија кон подобро. Секое ново работно место значи уште едно посреќно семејство. Со секоја зголемена плата, се носи среќа во домот. Со секоја повисока пензија, имаме спокој за нашите пензионери. Со секое ново работно место, овозможуваме младите да живеат и да работат во Македонија, да создаваат семејства и да оставаат потомство. Затоа треба посветена работа. Посветена работа за Македонија, истакна Иванов.

Додаде дека ниту тој, ниту премиерот Никола Груевски и неговиот тим, нема ниту еден ден да одмараат и оти нема да запрат со активностите.

– За овие пет години видовте како се работи тимски и како институциите соработуваат, а не се конфронтираат. Институциите мора да продолжат да работат заедно. Да работат за доброто на цела Македонија. И за младите и за старите, и на невработените и вработените, и за земјоделците и за пензионерите, и за учениците и за студентите. Мора да постои разлика. Секој да почувствува дека во Македонија се подобрува животот. Се подобрува стандардот. Затоа ја давате вашата доверба. Затоа правите разлика. За овие години граѓаните знаат многу добро кој што направил за нив. Граѓаните бараат чесни луѓе во политиката. Бараат трудољубиви луѓе во политиката. Бараат искрени луѓе во политиката, посочи Иванов.

Ние сме искрени со вас, рече тој, излегуваме пред вас со реални и остварливи проекти, не даваме збор за нешто што не можеме да го реализираме, но ви даваме и отчет за сето она што сме го сработиле.

Screenshot_13

– Вие ме знаете веќе пет години. Знаете како работев. Ја знаете и мојата програма, која е програма на континуитет, на развој и стабилност. За 10 дена очекуваме да ја потврдите оваа програма. За 10 дена очекувам масовно да излезете и да го направите истото што беше и во првиот изборен круг. Да имаме двојна победа за 10 дена. Да имаме двојна победа за Република Македонија. Да ја поддржите Македонија како економски силна и развиена држава. Таква Македонија да ја интегрираме и во Европската унија и во НАТО. Македонија која има добри односи со своите соседи, да бидеме отворени кон светот. Да биде отворена за нови пазари на македонските производи. Да ја градиме Македонија како земја во која младите можат да добијат квалитетно образование за да можат сами да ја градат својата иднина. Да ја градиме Македонија како солидарна земја. Македонија како дом во која ќе има благостостојба за сите, потенцира Иванов.

Истакна дека пред нив претстои многу работа, зошто, како што рече, многу работи се пропуштени во минатото. – Сето тоа треба да се надокнади. Но сето тоа ќе го успееме ако ја имаме вашата поддршка. Ако ја имаме вашата доверба. Поддршка за континуитет. Да продолжиме заедно, да продолжат сите институции да соработуваат меѓу себе, и на централно и на локално ниво. Да работиме заедно. И министрите и градоначалниците. И претседателот и премиерот. Сите да работиме заедно, за успех на Македонија, истакна Иванов.

Тој на присутните граѓани во Пехчево им посака претстојните велигденски празници да ги поминат во семејна хармонија, да имаат многу здравје, радост, и многу среќа.

Би можело да ве интересира

Набавката на електричните автобуси е задоцнета, имаше три години да се донесе ваква одлука вели Арсовска

Катерина Ѓуровски

Кузеска: За хаосот во Скопје најголема вина имаат Мицкоски и ДПМНЕ

Петрушевски: Бизнис интересот на СДС и ДУИ направи граѓаните да плаќаат поскапа струја

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тренчевска: Кошничката е прескапа, ДПМНЕ да прифати 0% ДДВ на храна и минимална плата 450

СДСМ бара Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ да се вразумат и понуди предлози за решавање на кризата во Скопје