Возел со 4.17 промили во крвта па се забил во сообраќаен знак

Од:

Со 4.17 промили алкохол во крвта, што е еден од апсолутните рекорди воопшто, 47-годишен маж во Вир (Хрватска) предизвика сообраќајка, забивајќи се во сообраќаен знак.

Тој управувал автомобил „алфа ромео“ кој синоќа неовластено го зел од својот 25-годишен работодавач, а по несреќата е приведен под забрана за управување со возило, рекол портпаролот на задарската Полициска управа Елис Жодан.

– Што се однесува до човечката издржливост тоа сепак би било прашање за медицинарите. Меѓутоа човек и со многу помала концентрација на алкохол не би бил способен за возење, но со ова ниво алкохол во крвта, се плашам дека на сигурен начин не би можел да учествува во сообраќајот ниту како пешак, рекол Жодан.

Би можело да ве интересира

Бомба тешка 250 килограми е пронајдена кај Нова Градишка

ВИДЕО: Невреме го потопи Сплит

Земјотрес од 4,4 степени во Босна, почуствуван и во Хрватска

На српско-хрватската граница повторно уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Невреме во Хрватска, се излеа Сава кај Загреб

Стигна студениот бран во Словенија и Хрватска, падна и снег