Шпанските екипи во разигрувањето на кошаркарската Евролига, Реал Мадрид и Барселона, вечерва ќе имаат можност да ја остварат и втората победа во плејофот.
Пред својата публика Реал пред два дена го совлада актуелниот европски шампион Олимпијакос и поведе со 1:0 во победи во серијата подобар до три.
Водство од 1:0 има и Барселона која беше подобра од турскиот тим Галатасарај.
Евролига – Плејоф 1/4 финале
Четврток
19:00 Реал Мадрид – Олимпијакос (1:0 во победи)
21:00 Барселона – Галатасарај (1:0)
Петок
18:15 ЦСКА Москва – Панатинаикос (1:0)
20:45 Емпорио Армани – Макаби (0:1).
Се игра во три добиени натпревари по системот (2-2-1) дома-гости-дома, а победниците ќе обезбедат пласман на завршниот „Фајнал Фор“ турнирот, кој ќе се игра на 16 и 18 мај во Милано.