„Порше“ го доби тендерот за набавка на 150 возила за МВР на повторенонаддавање. Понудата на „Порше беше најниска.
„Комисијата за јавни набавки при МВР, задолжена за спроведување на постапката за доделување на договор за јавна набавка на моторни возила во полициска изведба денеска одржа електронска аукција за негативно јавно наддавање, преку електронскиот систем за јавни набавки. По затворањето на аукцијата, а врз основа на генерираниот извештај од електронскиот систем за јавни набавки од текот на аукцијата беше утврдено дека најниската понуда изнесува 199.750.000 денари, односно е за 10 милиони денари пониска од почетната цена на аукцијата. Комисијата за јавни набавки на МВР, согласно Законот за јавни набавки, ќе ја продолжи постапката“, соопшти МВР по завршувањето на постапката.
„Порше“ понудиле цена од 199.750.000,00 денари без вклучен ДДВ, што е за 10.000.000,00 денари (без ДДВ) пониска од почетно зададената при денешната аукција, што претставува речиси 1.280 евра пониска цена по возило.
„Ова претставува уште еден доказ дека Порше како сериозен странски инвеститор, не е дојден во Македонија во потрага по брз профит, туку има долгорочна стратегија за понуда на автомобили со супериорен квалитет по одлични цени“ велат во соопштението „ Порше “Македонија.
Аукцијата на 29 август, Бирото за јавни набавки ја поништи поради технички пречки во системот. Компанијата„ Ка-дис“ која учествуваше со моделот „сеат алтеа фритрек“, тогаш победи, но реагираше „Порше“ Македонија дека биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата.
„Ка-дис“ најавуваат дека ќе ги преземат сите неопходни мерки, и за нив не се валидни ставовите на Бирото.