КК Јуниор ќе учествува на турнир во Франција

Од:

Кошаркарскиот клуб ќе учествува на Меѓународниот турнир во францускиот град Боурбоург кој ќе се одржи од 19 до 21 април.

Македонскиот претставник ќе настапи со екипата составена од кошаркари родени 2003 година, генерација која се наоѓа на првото место во Македонското првенство.

На овој силен турнир ќе учествуваат уште 30 екипи меѓу кои и Алба Берлин, ЦСКА Москва Нантер, Остенде, Асвел,…

Кошаркарскиот клуб Јуниор се натпреварува во официјалната младинска лига на Македонија. Клубот е познат по успешноста во работата со младите категории. Настапувал на дваесетина меѓународни турнири во различни категории. Со генерацијата 1994 ја има освоено титулата Балкански младински шампион.

Тренерот Дарко Димитријевиќ очекува добар настап на неговите избраници и уште една потврда дека македонската кошарка и во помладите возрасни категории може рамноправно да игра со европските големи сили во овој спорт.

– Одиме на еден силен турнир кој многу ќе им значи на овие млади кошаркари. Тоа за нив ќе биде значајно искуство за натамошниот нивен развој. Домаќините најавија вистински спектакл, а да се биде дел од таквиот настан е чест, но и обврска да покажеме дека во Македонија кошарката има иднина, изјави Димитријевиќ.

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос