Нигериската армија соопшти дека 121 од киднапираните ученички од страна на исламистичката група Боко Харам во североисточниот дел на земјата биле ослободени.
Портпаролот на армијата, генерал-мајор Крис Олуколаде потврди дека еден од киднаперите бил уапсен.
Нигериската Влада соопшти дека безбедносните сили ги гонат напаѓачите, кои во вторникот киднапираа над 100 девојчиња од женската гимназија во градот Шибок.