Граѓанското здружение АМАН денеска упати писмено барање до Советот за економски прашања на Собранието да свика надзорна расправа за работата на Регулаторната комисија. Од АМАН очекуваат да се повикаат членовите на Регулаторната комија да образложат на кој начин и по која методологија ги зголемуваат цените и да се испита нивната работа зашто како што кажаа „не работат според правилникот“.
АМАН утре во 18 часот продолжува со протестите пред Регулаторната комисија поради поскапувањето на електричната енергија, парното греење и бензините. Протести се најавени во исто време и во Битола, Штип, Куманово и Прилеп.