Владиката Иларион не дава црковни услуги на Љубчо Георгиевски

Од:

Владиката Иларион го екскомуницира Љубчо Георгиевски од црквата, објави Дневник во тескт под наслов „Двојни црковни аршини“

Весникот појаснува дека брегалничкиот владика Иларион не требало да го одбие барањето на штипскиот разгранок на ВМРО-НП за панихида за Тодор Александров затоа што сметал дека партискиот лидер Љубчо Георгиевски ја навредил МПЦ-ОА со поддршката за Јован Вранишкоски.

„Во одговорот на барањето на претставниците на ВМРО-НП владиката навел дека со неодамнешните изјави партискиот лидер „го повредил нашиот црковен и национален идентитет“. На душа на Георгиевски владиката посебно му го става гревот кога во едно интервју го прогласил расчинетиот владика Јован Вранишкоски за политички осуденик и со тоа „ги поддржал криминалот и криминалците“, пишува „Дневник“.

Во МПЦ-ОА, пишуваат, дека се изненадени од постапката на брегалничкиот владика бидeјќи одржувањето на панихидата е чин што се прифаќа бидејќи станува збор за молитва за душа на покојникот.

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите

Митрополит Агатангел: Македонското име, идентитет, историја и традиција не смеат да бидат предмет на тргување, тоа важи и за Црквата