Третиот дел од трилогијата „Хобит“ во кината ширум светот ќе се појави во јули 2014. година, објавија продуцентите. Тие исто така најавија дека вториот дел од трилогијата ќе има друго име.
Промоцијата на „ The Hobbit: There and Back Again“ е закажана за 18. јули 2014. Година. Тој ќе се промовира само седум месеци по новоименуваниот втор дел – „ The Hobbit: The Desolation of Smaug“ кој би требало да се појави во кината од 13. декември 2013 година. Првичното име на вториот дел беше „There And Back“, но сега, така ќе се вика последниот.
Режисерот Питер Џексон и филмските студија „Tajm Vorner“, „Nju Lajn“ и „MGM“ одлучиле филмот да биде поделен во три дела, во 3 – де анимација, а не два како што беше претходно планирано. Според нив, последниот дел ќе има подобра продажба во текот на летото, најпрофитабилниот период во филмската индустрија.
„Хобит“ е роман, што доживеа и филмска адаптација, а според дејствието претходи на настаните од трилогијата „Господар на прстените“.