Осум активни пожари во земјава

Од:

Во земјава до 11 часот се регистрирани осум активни пожари, соопштија од Дирекцијата за заштита и спасување.

Активни се пожарите кај селото Вејце кон село Селце, во општина Македонски Брод кај селото Волче кај, кај кочанските сека Костин Дол и Полаќи кон Вранинци, општина Чашка кај селото Ораше кај селата Богомила, Добровени и Совиќ како и во општина Гевгелија каде пожарот е активен но е под контрола.

Сè уште се активни и пожарите во општина Јегуновце кај селото Вратница и во општина Студеничани кај селото Рамни Габер.

Локализирани се пожарите кај Националниот парк „Јасен“, во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица како и во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово.

Изгаснати се пожарите во општина Гостивар кај селата Лакавица и Митрови Крсти и пожарот во општина Прилеп кај селото Царевиќ на место викано Мајнов Дол.

Пожарот во општина Чашка кај селата Ораше на место викано Орашка Чука и кон селото Богомила, се шири во правец кон Прилеп, село Стровје. Со него е зафатена површина од 200 хектари млада борова шума, даб и бука, а во неговото гасење се ангажирани 20 лица од ЈП„Македонски шуми“.

Според Дирекцијата за заштита и спасување, пожарот кој се појави на 25 август, во општина Новаци помеѓу селата Добровени и Совиќ на место викано Крстот, на 40 километри до Битола е активен, но е приземјен. За гасење на пожарот ангажирани се 7 лица од ЈП „Македонски шуми“.

Исто така, пожарот во општина Гевгелија, помеѓу селата Коњско и Хума е активен, но е под контрола. За негово гасење се ангажирани 2 пожарникари и противпожарно возило, 25 лица од ЈП „Македонски шуми“ и 10 лица од месното население.

Локализирани се и пожарите во општина Сопиште кај селата Патишка река и Дражилово и во општина Струга кај селото Радуч на планината Јабланица.

 

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи