ВМРО-ДПМНЕ: Црвенковски ја изведе приватизацијата

Од:

„До какво дереџе дојде СДСМ кога сакаат сите нас 2 милиони граѓани да не убедат дека ВМРО-ДПМНЕ, а не тие и нивниот вечен лидер, е одговорен за приватизацијата. Перверзијата да е поголема тоа го прават при сите нас живи луѓе, кои имаме разум и свест, и кои сме биле сведоци на приватизацијата која не беше пред два века па да не манипулираат, туку пред 20 години и добро ги паметиме ликовите кои тогаш беа власт и ја спроведоа, исто како што добро паметиме дека повеќе од 198 000 работници беа избркани од работа“. Вака реагираше ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на подмладокот на СДСМ на која го обвинија Никола Груевски за „матна“ приватизација на Телеком.

„Самиот факт што за оваа тема говори една блиска пријателка на нивниот новинарски пропагандист Васко Ефтов, доволно говори за нивната сериозност, а уште повеќе говори за критериумите кои се користат во СДСМ за напредок во кариерата и методите на промоција на младиот кадар“ рече Диме Спасов од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој кажа дека испаѓа дека сегашните функционери во ВМРО-ДПМНЕ од студентски од училишни клупи и од градинка ја направиле приватизацијата, а Бранко Црвенковски кој бил премиер и кој признал дека ја направил всушност и не ја направил.

„Никола Груевски ја осмисли и ја извел приватизацијата и тоа го направил од позиција на студент и со вешти чекори од студентските клупи, успеа да го води овој процес на само 20 години возраст, а друштво во изведбата му правеле Александар Николовски кој од градинка дејствувал за раскрчмување на капиталот.

– Илија Димовски кој во 3-то одделение донел закон за покривање на криминалот. Александар Спасеновски кој од училишна клупа ги избирал во една вечер сите 600 судии да го покријат криминалот и останатите пратеници, кои кој од градинка, кој од основно школо во тоа време ја имале моќта да одлучуваат. И јас како Диме Спасов сум одговорен за приватизацијата, иако тогаш бев само прво одделение“, рече Спасов.

 

 

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир

ВМРО-ДПМНЕ: На 8 мај оваа криминална влада ќе се соочи со пораз, а кога веќе Спасовски се обидува да прави капитал на настаните од 27 април, нека каже дали спие мирно

СДСМ: Учесниците на 27-ми април се насилници, а не уставобранители како што велат Силјановска и Мицкоски

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија – 1. Бојкот на избори, 2. Влада со ДУИ, и Али да одлучува кој кое министерство ќе го има

Горан Наумовски

СДСМ: Ја слушнавме пораката од граѓаните и ја прифаќаме, ќе продолжиме да се бориме

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата

Предраг Петровиќ