Ангелов утре ќе поднесе барање за присуство на собраниската дебата

Од:

Расправата за Законот за правата на бранителите и нивните семејства во матичната собраниска комисија е закажана за во среда.

Претседателката на Комисијата за труд и социјална политика, Цветанка Иванова, за А1 ги демантира информациите во некои медиуми околу дозволата  претставник на Достоинство да учествува на комисиската  расправа.

„Седницата на Комисијата се подготвува, закажана е за 5-ти септември(среда)во 10 часот . Се вршат  пподготовките за нејзиниот тек и одржување. До овој момент немаме покането ниту сме добиле барање од   заинтересиран субјект  Ако добиеме вакво барање  Комисијата дополнително ќе одлучи согласно Деловникот“, изјави за А1, Иванова.

Дел од медиумите пренесоа, дека на 10-ти септември за кога е закажана и собраниската седница  за Законот за бранителите се очекува да биде присутен и претставник на Достоинство.

Претседателот на „Достоинство“, Стојанче   Ангелов  за А1 вели дека утре(понеделник),  ќе испрати барање за присуство на комисиската расправа.

СДСМ пред 4 години го подржа Законот кој како граѓанска иницијатива влезе во Собранието, но тогаш за решението на правата  на бранителите се спротивствани ВМРО-ДПМНЕ, со образложение дека државата не може ова да го издржи финансиски.

Сега, по недоразбирањата во колаицијата, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ предложи ваков Закон, на што ДУИ се спротивставува, готви амандмани и ОНА да биде вклучена, и го условува останувањето во коалицијата.

Сепак ВМРО-ДПМНЕ предложи законот да се носи во редовна постапка, што значи аманманите ќе се поднесуваат во втората фаза, сега ќе се оценува само потребата од вакво закон ско решение.

 

Би можело да ве интересира

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година