По 50-тина години германската компанија„Груенентал“ им се извини на британските жртви на лекот „Талидомид“.
Многу доцна беше откриено дека лекот предизвика раѓање на дефектни бебиња и претворање на илјадници луѓе во тешки и трајни инвалиди.
Жртвите соопштија дека не го прифаќаат извинувањето на германската компанија „Груенентал“. „Ве молиме за прошка бидејќи речиси 50 години не најдовме начин да дојдеме до вас. Наместо тоа молчевме, но сега искрено жалиме поради тоа“, изјави Харолд Шток извршен директор на „Гринентал“.
Според проценките близу 10 илјади деца се родени со деформитети, понекогаш без одредени органи или екстремитети.
Лекот се продавал низ Европа, но и во Австралија, Канада, САД и во Јапонија.