Управниот одбор на Винер осигурување донесе одлука да и додели парична награда во висина од 100.000 денари на Оливера Наковска Бикова по повод освојувањето на златниот медал во стрелаштво на Параолимписките игри во Лондон, соопшти Компанијата.
На овој начин, истакнуваат од компанијата, би сакале да и оддадеме голема благодарност и признание за начинот на кој изминативе денови ја промовираше Република Македонија во светот, на едно вакво натпреварување од највисок меѓународен ранг.
Се надеваме дека оваа награда ќе биде достојна поддршка за нејзините натамошни активности на спортски план и дека ќе придонесе за остварување на уште многу врвни резултати како овој во Лондон. Истовремено, веруваме дека подвигот на Наковска Бикова ќе биде огромен поттик за сите спортисти да го дадат својот максимум под државното знаме, а посебно за најмладите, се вели во соопштението од Винер осигурување.