На социјалните мрежи се собираат потписи за подршка Оливера Наковска Бикова, која го освои златниот медал на Параолимписките игри, да има државен пречек.
Во петицијата се вели:
„Ние долупотпишаните, ја повикуваме Владата да организира државен пречек со највисоки почести за Оливера Наковска Бикова. Таа го постигна најголемиот македонски спортски успех во последно време. Тоа што златниот медал го освои на ПАРА Олимписките игри го прави успехот уште поголем и позначаен.
Нејзниот подвиг е поттик за сите спортисти, сите лица со хендикеп и сите луѓе воопшто – да не потклекнуваат пред тешкотиите и да се борат до победа.
Ги повикуваме сите граѓани да излезат и свечено да ја пречекаат Оливера без разлика дали пречекот ќе биде официјално организиран или сами ќе дознаеме кога се враќа од Лондон“.
Доколку сакате да ја дадете подршката, ова е ЛИНКОТ
Oливера не израдува сите и не направи горди на звуците на Македонската химна во Лондон. Таа постави светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон.