Во директен судар на два автобуса во северната нигериска држава Јобе, денеска загинаа најмалку 29 лица, додека 16 се повредени, сооопшти локалната полиција. По сударот двете возила се запалиле, пренесоа француските медиуми.
Претствникот на полицијата Франк Мба изјави дека пожарот ги зафатил двата автобуса и дека изгореле 29 лица, од кои 11 до степен на непрепознатливост. На патиштата во Нигерија меѓу 2007 и 2010 година имало регистрирано 31.000 несреќи, во кои загинале 17.000 лица.