12 луѓе загинаа во самоубиствен напад во Авганистан

Од:

Најмалку  12 Авганистанци беа убиени рано утринава, а повеќе од 10 повредени во двоен самоубиствен напад врз американска воена база во централниот дел на НАТО во Авганистан.

Во нападот загинаа најмалку десет цивили и двајца авганистански полицајци, според изјавите на портпаролот на силите на НАТО во Авганистан, нема жртви меѓу коалициските сили.

Напаѓач самоубиец,  дојде до влезот на  базата, а потоа  го активираше  експлозивот, од што експлодираше  камион што бил паркиран пред влезот, изјави портпаролот  на провинциската влада, Шахидулах Сахид.

Еден од сведоците рече дека одекнала  многу силна експлозија.

Голем број на цивили работат во близина на НАТО базата  во Авганистан.

Областа е една од многуте бастиони на талибанските бунтовници во Авганистан.

Според ОН во конфликтот во Авганистан во првите шест месеци од 2012.  беа убиени 1.145 цивили,  и 1.954 беа повредени.

Во оваа земја, распоредени  се околу 130.000 припадници на силите на НАТО.

Би можело да ве интересира

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан

Силен земјотрес го погоди Авганистан