„СДСМ бара граѓаните да му веруваат на збор, а не може да испочитувани еден фер координативен договор околу денешните точки на дневниот ред во Советот на Општина Битола.
Откако со коориднаторот на советничката група на СДСМ се договоривме формалните измени и дополнувања на две одлуки поврзани со изборите да бидат поддржано едногласно и без дискусија, советниците од опозицијата не можеа да одолеат уште еднаш да ја злоупотребат говорницата во Советот и присутните медиуми, за дискусии на теми на кои местото им е во партиските штабови.
Денешниот „испад“ на советниците од НСДП и ЛДП кои не ги почитуваа упатствата од координаторот на советничката група, упатува на два заклучоци:
– Или во соработката на СДСМ со неговите коалициски партнери нешто мириса
– Или координаторот , Васко Ковачевски, за кој сите знаат дека не е поддржан од партиското членство, нема, ама баш, никаков авторитет кај своите колеги советници.
Процедурата за упатување забелешки околу плакатирањето и рекламирањето е регулирана со Изборниот Законик кој во тој дел не предвидува надлежности на Советот на Општината.
Зебелешките во вид на претставки се упатуваат институционално до Избирачките комисии, судството и меѓународните набљудувачи каде што ќе се обратиме и ние во врска со реакциите од граѓаните за ваквото бескрупулозно „нагрдување“ на нивните згради, кое за разлика од плакатите не може да се отстрани.
ВМРО-ДПМНЕ како и до сега ќе продолжи да ги почитува принципите на фер и демократска кампања и одржување на дадениот збор пред било кого. А СДСМ нека продолжи да го прекршува дадениот збор и нека ги нервира граѓаните со предизборно валкање на нивните згради“, рече Игор Хаџиевски – секретар на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Битола.