Австралиските власти користат еден модификуван авион Боинг 737 како летечка контрола на авиосообраќајот над Индиското Море, за да спречат судар во воздух на големиот број авиони кои и натаму трагаат по малезискиот авион што исчезна пред три седмици.
Авионот со опрема е оперативен од денеска, рече неименуван официјален извор.
За авионот на летот 370 од Куала Лумпур до Пекинг, што исчезна на 8 март со 239 луѓе, денес трагаат десет авиони и девет бродови.