Со нова аукција ќе се „пере“ скандалот за нови полициски возила

Од:

Дали ќе се санира скандалот со набавката на нови полициски возила?

Kомпанијата „Порше Македонија“се по жали на тендерот за набавка на 150 полициски возила, на како најповолен понудувач б еше избрана фирмата „Kа-Дис“, односно возилата „сеат алтеа фритрек“.

Бирото за јавни набавки денеска соопшти дека ќе овозможи повторување на електронската јавна аукција за набавка на возила за потребите на полицијата.

Поради технички пречки на системот, според Бирото, понудувачите биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата.

Од „Порше Македонија“, кои конкурираа со автомобилот „шкода јети“, сепожалија дека во текот на електронската аукција системот бил блокиран и пет минути пред крајот поднеле пониска цена од „Kа-Дис“, но електронскиот систем не ја регистрирал.

Од Бирото посочуваат дека по пријавениот технички проблем за текот на електронската аукција на МВР за набавка на 150 возила за потребите на полицијата која се спроведуваше преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН), веднаш го пријавиле можниот технички проблем до компанијата која ја одржува софтверската апликација за да изврши целосна и детална анализа во записите од базата на податоци на ЕСЈН. Исто така, доставиле барање и до компанијата во чии простории се хостира опремата со цел да се направи детална анализа на линкот, сообраќајот и достапноста на ЕСЈН, во период на одржување на аукција.

– По извршените анализи на аликациските и системски логови од компанијата која ја одржува софтверската апликација бевме известени дека апликацијата била целосно функционална и до истата повремено стигале барања кои биле успешно процесирани. Исто така е утврдено дека од 12:17 до 13:00 часот во следите временски периоди: 12:17:21 – 12:21:40; 12:22:00-12:26:00 и 12:27:21-12:30:21 имало проблеми со пристапот до апликацијата односно ЕСЈН бил периодично достапен. На нашето барање од страна на компанијата во чии простории се хостира опремата на ЕСЈН е констатирано дека во периодот околу 12:15 е откриен DDOS напад до друга апликација која се хостира кај истиот сервис провајдер каде што се хостира и ЕСЈН, се вели во соопштението.

Поради заедничките ресурси (bandwith) што ги делат одредени колокациски сервери во истиот податочен центар, појаснува Бирото, овој напад резултирал со загуба на пакети и намалена достапност на повеќе сервиси меѓу кои и сервисот на ЕСЈН во периодот од 12:15 до 13:20 часот.

– Тоа значи дека во овој период достапноста на Електронскиот систем за јавни набавки била намалена. Имајќи го предвид горенаведеното, а поради природата и динамичноста на електронските аукции се јавиле проблеми со достапност, пристап и освежување на податоците на ЕСЈН, а со тоа понудувачите биле оневозможени да поднесат нови намалени цени во текот на последните минути од аукцијата. Имајќи го во предвид утврдениот технички проблем, согласно Правилникот за начинот на користење на електронскиот систем за јавни набавки, на договорниот орган, Министерство за внатрешни работи ќе им се овозможи повторување на конкретната електронска аукција, наведува Бирото за јавни набавки во соопштението.

Според нив, електронскиот систем е динамичен систем, сложена и комплексна on-line апликација која опслужува голем број договорни органи и економски оператори, преку кој се вршат огромен број трансакции и сообраќај. Бирото за јавни набавки управува со истиот а за непречено функционирање на системот во техничка смисла се грижи софтверска компанија специјализирана за тој вид на услуги. Опремата на која е инсталиран ЕСЈН се хостира во специјализиран сервис провајдер, кој е задолжен за пристапот, сообраќајот и firewall заштита на апликацијата, појаснува БЈБ и додава дека Електронскиот систем за јавни набавки се повеќе е користен од страна на институциите и компаниите во Македонија и вакви технички пречки од објективна природа се јавуваат само во незначителен број аукции кои секојдневно се спроведуваат преку ЕСЈН.

Би можело да ве интересира

Арсенал оружје пронајден кај вработен во МВР, обвинителството бара притвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ најостро го осудува палењето на возилото на претседателот на ОО Кривогаштани

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Власта на Мицкоски и ДПМНЕ не прифати покачување на платата на полицајците за 20 отсто

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

Oткази за 15 високи службеници во МВР

А1он