Еден 37-годишен Чех живее цели пет месеци без срце, благодарение на специјални пумпи. Тој сега доби шанса за ново срце и од септември ќе биде ставен на листата на чекање за трансплантација, објави институтот за клиничка и експериментална медицина денеска во Прага.
Во април, годинава на Јакуб Халик, поранешен пожарникар докторите мораа да му го отстранат целото срце, поради високо агресивен, малигнен тумор кој му го имаше фатено буквално целото срце.
Лекарите од Прага му вградиле две специјални пумпи што го одржуваат во живот, а операцијата од овој вид е втора во светот. Ваквите пумпи се користат во кардиологијта, но само еднострано, да заменат функција на дел од срцевите комори. Првиот пациент на кого работата на целото срце беше заменета со две пумпи, беше од САД и почина по само седум дена.
Халик сега по пет месеци поминати со две пумпи, и по успешно направените негативни тестови дали ракот се метастазирал некаде на друго место во телото, може да биде ставен на приоритетната листа на чекање за срцева трансплантација.
„Тоа е олеснување. Сега знам дека сите тестови во ред и јас можам да продолжам да живеам и да ги направам понатамошните чекори кон „оздравувањето“ – рече на денешната прес конференција Халик со насмевка на лицето. Тој со помошта овие пумпи може дури и да излегува кратко, надвор од болницата.
„Најтешко за време на операцијата беше да се усогласат двете пумпи. Секој ден ние внимаваме да не се појават комликации или емболија. Во просек во Чешка за ново срце се чека по најмалку осум месеци. На приоритетна листа на чекање има 24 пациенити, сите со пумпи кои заменуваат дел од срцевите комори“, изјави докторот Јан Пирк, главниот специјалист кој со својот тим од лекари го оперираше Халик.