Кавги и тензии, Велјаноски му исклучи микрофон на Ивановски

Од:

Кавги, навреди, дофрлања од место. Собраниската сала се вжешти поради измените во Законот,  за регистрирање на готовински плаќања, или намалување на драконски високите казни за малите и средни претпријатија, и воведување  мерка опомена пред паричната или казната со затворање на фирмата.

Претседателот на Собранието, Трајко Велјаноски му го исклучи микрофонот на Игор Ивановски кој  се осврна на дискусијата Благородна Дулиќ, која ја обвини опозицијата  дека сака непочитување на Законот.

„Госпоѓо Дулиќ, кога ги амнестиравте хашките случаи, дали  помогнавте да се прават нови дела против човештвото. Вашата теза  дека со намалување на казните ќе се зголемело непочитувањето на законот е чиста глупост. Вие  од ВМРО-ДПМНЕ, дозволивте да се резбарат грбовите на македонците . Кога  бевте  патриоти, тогаш  кога дозволивте да се амнестираат убијците или сега кога не знаете што да правите со ДУИ и со законот за бранителите“, праша Ивановски.

Велјаноски го исклучи микрофонот, зошто Ивановски ја надминал минутажата за реплика.

Силвана Бонева претходно  од спикерот побара да не дозволи кога Ивановски нема аргументи да   се нафрла со навреди врз колешката Дулиќ.

Економијата, рече Ивановски во дискусијата , е  тропа.Нема месец од 10 до 20 илјади сметки да не се блокирани, а за да затвориш фирма,рече,  треба мечка да родиш.

Владанка Авировиќ обвини дека опозицијата сака да воведе  фискална недисциплина.

„Вие барате оние кои немаат фискални апарати  да се ослободат од плаќање глоба.Тој што нема фискален апарат, а веќе 12 години мора, треба глоба да плати. Ова од вас  е чисто политиканство. Лажете, ноторна лага е дека со глобите се полни буџетот“, реплицираше Авировиќ, од Социјалистичката партија.

„Не ви е срам на ваши години да лажете, каде во законот ова го пишува. Како не ви е  срам.Сте се симнале ли на улица. Знаете ли како функционира државата или само лапате пари.  Во Кратово има наградна игра:Најди фискален апарат “, врати Ивановски.

Благородна Дулиќ реплицираше дека Авировиќ не лаже , а опозицијата  сака, глобите да се симнат за да можат прекршителите  да продолжат да го кршат Законот.

„Благородна Дулиќ, жената што амнестираше убијци,  сега трговците и дуќанџиите македонци ги прогласува за криминалци.Ние предлагаме казната од  од 2.500 да се намали за 1.000 евра, а вие велите дека 1.000 евра се малку. Е тоа е забеганоста на оваа власт“, рече Ивановски.

Ивановски побара пауза по кавгите и процедуралните забелешки, за како што рече, да се совземат и искоординираат пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Велјаноски објави пауза, но рече, дека народот гледа дека опозицијата го злоупотребува Собранието, со барањето паузи.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет

Продолжува комисиската расправа за Предлог – буџетот за 2025 година

Почнува комисиската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Собранието го одобри Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште