Кацин: Постигнат е договор за претставувањето на Косово

Од:

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Јелко Кацин рече дека во Белград е постигнат договор за претставувањето на Косово на меѓународните собири, но не откри во што се состои договорот.

„Договорот за тоа како ќе се претставува Косово е постигнат“, им изјави Кацин на новинарите во Белград.

„Ќе оставам на времето да ја видите Србија на тие собири, изолацијата на никој не му користи, Србија мора да преземе одговорност“, рече известувачот на ЕП и додаде дека сите претставници на Србија се посветени да направат чекор во тој правец.

Претставниците на Србија и на Косово различно ја толкуваа спогодбата за регионално претставување на Приштина на регионалните собири, односно каде треба да биде поставена фуснотата во која се повикува на Резолуцијата на СБ на ОН 1244 и на одлуката на Меѓународниот суд на правдата за усогласувањето на декларацијата за независноста на Косово со меѓународното право.

Би можело да ве интересира

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор

ВИДЕО: Курти поднесе оставка, прекината конститутивната седница на косовскиот парламент

Катерина Ѓуровски