Полициските камери го снимија автомобилот кој возеше со 190 километри на час кој 47-годишната жена никако не можеше да го сопре.
Престрашениот глас на 47 годишната Лори Убестад додека се наоѓаше во автомобилот по телефон на диспечерот на 911 му објаснуваше дека никако не може да го сопре автомобилот.
Кога приметила дека возилото само се движи, таа објаснуваше дека се обидела се-ја притискала кочницата, се обидела да го угаси моторот, ја повлекла рачната кочница, но ништо не помагало.
Полициската камера сними како автомобилот вози пребрзо на автопатот
„Кога возите со повеќе од 100 километри на час и најмало движење на воланот и тоа како ќе се почувствува. А таа повремено возеше и на теренот покрај автопатот каде што има многу дупки и секогаш успешно се враќаше на автопатот. И така едно осум пати“, рече полицискиот командир шелдон Лион за телевизијата NBC.
Избезумената Лори со таа брзина возеше повеќе од половина час и помина 95 километри. Полицијата цело време се обидуваше да го расчисти патот пред неа, а диспечерот од 911 се обидуваше да ја смири. На крајот, колку и банално да звучи, таа го сопре автомобилот кога полицајците и рекоа во ист момент да ја крева ногата од папучата за гас и да стиска на кочницата.