Најновите фотографии, направени од роботот на американската вселенска агенција НАСА, кој веќе осум години се наоѓа на планетата Марс, откриваат дека познатата црвена планета станала сина.
Роботот „Opportunity“, кој работи на сончева енергија, пратил пејсажни фотографии од Марс направени во доцните попладневни часови.
Повеќето фотографии се направени на 9. март, 2.888-от работен ден за „Опуртунити“.
НАСА објави дека „Опортунити“ и неговиот брат – близнак „ Спирит“ (Spirit) ја завршија својата главна мисија на Марс уште во 2004. година. Сепак потоа продолжија да работат и со годините испратија важни информации за црвената планета.