Незадоволни и во знак на протест активистите на движењето „Самоопределување“ поставиле табла за продажба на куќата на косовскиот премиер Хашим Тачи. Цената на куќата според нив е 26.300 евра.
Движењето протестира поради продажбата на јавните претпријатија Пошти и Телеком на Косово, Дистрибуцијата на Косовската електроенергетска корпорација , комбинатот „Трепча“ и други јавни институции.
Сумата од 26.300 евра е само еден отсто од цената за која е приватизирана дистрибуцијата на КЕК.
На Тачи му порачаа дека може да го продава својот приватен имот, а не јавните претпријатија.
Последниве денови приврзаниците на Албин Курти, извршија уште неколку такви акции, најавувајќи дека „септември ќе биде жежок месец“.