Франција се откажа од дел од добивката за да се намали цената на горивата за шест центи по литар.
Со оваа одлука, која ќе важи три месеци, со можност да стане постојана, на возачите ќе им заштеди по едно и пол евро на купени 25 литра гориво. Оваа владина мерка, ќе го чини државниот буџет 300 милиони евра. Одлуката на владата е едно од ветувањата на Франсоа Оланд пред да биде избран за претседател на Франција.
Од пред неколку седмици цената на горивото ги достигна рекордните износи во Франција.
Оваа одлука треба да биде спроведена во наредните 24 часа.