Го шири ли Орце Камчев уште повеќе бизнисот? Освен во здравството, влезе и во медиумите, па после премина во ЗК Пелагонија, Стопанска Банка Битола и во Битола.
Сега, според информацијата која ја објави Охрид Скај, Камчев ќе ја рестартира Жито Битола , а како што пишува, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги затвори сите негови конкурентски пекари до Нова Година.
Втората намера е да изгради млекара во Жабени , наводно според порталот, од странски партнер за да можат да се користат бенефиции од слободната економска зона.
Според порталот овие месеци треба да се отстрани конкуренцијата во Битола, и да се блокира целото производство на други фирми, а во тек била операција, Камчев да ја добие и рафинеријата за масло на „Млин Стојчев“.