На социјалните случаи државата им нуди земјоделско земјиште. Во јавниот повик се огласени повеќе од 854 хектари земјоделско земјиште во Берово, Битола, Македонски Брод, Валандово, Гостивар, Дебар, Гевгелија, Делчево, Демир Хисар, Кочани, Кичево, Крушево, Кратово, Кавадарци, Струга, Струмица, Прилеп, Пробиштип, Радовиш, Ресен, Велес, Штип, Гази Баба и Чаир.
Времетраењето на плодоуживањето за кое се издава земјоделското земјиште изнесува пет години.
Заинтересираните лица, корисници на социјална парична помош, можат да поднесат барање за доделување земјоделско земјиште најдоцна во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот повик до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Сите информации, услови и критериуми заинтересираните лица – корисници на социјална парична помош можат да се обратат во подрачните единици на Министерството за земјоделство, како и до надлежните центри за социјална работа и центрите за вработување или да ги посетат веб страните на министерствата www.mzsv.gov.mk и www.mtsp.gov.mk.