Богов: Нема девалвација на денарот

Од:

Гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов, реагира по  информациите  за девалвација на денарот.

„Изјавувам дека тоа се несериозни шпекулации пласирани од некои коишто не им мислат добро ниту на граѓаните на Република Македонија ниту на државата. Очигледно, некој сака да удри таму каде што сме најсилни, во макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. НБРМ и останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот кон еврото и одржувањето ниска инфлација на нивото на инфлацијата во евро-зоната“, вели  Богов.

Богов верува  дека граѓаните повторно ќе покажат трезвеност и рационалност како што покажаа многупати досега и ќе ги игнорираат шпекулациите пласирани од оние, како што рече,  коишто сакаат да ловат во матно..

„  Очигледно, некој сака да удри таму каде што сме најсилни, во макроекономската стабилност и стабилноста на банкарскиот систем. НБРМ останува доследна на политиката на стабилен курс на денарот кон еврото и одржувањето ниска инфлација на нивото на инфлацијата во евро-зоната. Девизните резерви се на историски највисокото ниво од 2,1 милијарда евра, НБРМ во последните два месеца исклучиво го откупува вишокот девизи на девизниот пазар, а денарското штедење на граѓаните продолжува да расте и на крајот на јули достигна 48 отсто од вкупното штедење на граѓаните, вели во изјавата Богов.

 

Би можело да ве интересира

Трошоците на живот во февруари зголемени за 5 проценти, а цените на мало за 4,2 проценти на годишно ниво

Трамп: На американските банки не им е дозволено да работат во Канада

ДУИ: Храната станува недостапна, додека неспособната влада продолжува да ја игнорира кризата

(ВИДЕО) Обезбедувач со голи раце совлада разбојник кој сакаше да ограби банка во Мостар

Левица: При инфлација и социјална несигурност владата зголемува буџет за војни на 3% од БДП

Горан Наумовски

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски