„ВМРО-ДПМНЕ нема да организира контра-протести против движењето АМАН, туку се обидува да инсталира свои луѓе меѓу главните организатори“, објави Плусинфо. Меѓу оние кои ги насочуваат граѓаните да не протестираат пред Владата, наводно, е и познат партиски блогер, кој бил награден со работно место на скопскиот универзитет за коментатор на противнички блогови и фејсбук профили.
Извори на порталот тврдат дека ВМРО-ДПМНЕ има уфрлено и повозрасни жени, со задача да ги хушкаат граѓаните да одат што побрзо накај „ Триумфалната капија“, ако случајно марршутата подзастане кај„ Илинденска бб“.
Експерти пак и познавачи на политичките состојби, е ова го толкуваат како пресврт во стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ.
„ВМРО-ДПМНЕ досега одржуваше контра-протести, следејќи ја традицијата на Ванчо-михајловистите кои организираа контра-чети како реакција на дејствувањето на партизанските одреди за ослободување на Македонија од бугарските окупатори” , вели историчар, кој од оправдани причини, сакаше да остане анонимен.
Како резултат на најновото поскапувањето на бензинот, утре, на “Св. Богородица” се очекуваат помасовни протести ширум Македонија.
Според најавите и со тенденцијата на поскапување , во септември се очекува “Супер 98” да се продава за 98 денари, а “Супер 95” за 95 денари.