Во провинцијата Хелманд пронајдени се обезглавени тела на 17 лица, меѓу нив и на две жени. Портпаролот на локалната авганистанска администрација во Хелманд, Даут Ахмади, изјави дека не е познато кој е одговорен за егзекуцијата.
Талибанските бунтовници ги убиваат оние авганистанци за кои сметаат дека соработуваат со авганистанските или американските сили. Исто така во Хелманд 10-мина авганистански војници биле убиени во напад на еден контролен пункт, а 5-мина војници изчезнале, но не е јасно дали биле киднапирани или доброволно си заминале со напаѓачите.
Авганистански војник денеска уби двајца припадници на силите на НАТО во источниот дел на Авганистан,а потоа од страна на војската бил убиен напаѓачот. Инцидентот се случил во провинцијата Лагман.
Во вакви напади во текот на овој месец се убиени 12 војници, а оваа година 42.
Талибански бунтовници рано изутринава нападнаа воена база и убија 10 авганистански војници, соопштија локалните власти во провинцијата Хелманд.