Трагедија во Сараево, Ќатиќ се удави во Миљацка

Од:

Еден од најдобрите балкански качувачи (алпинисти) Аднан Ќатиќ заедно со својот пријател Емир Мурга денеска доживеаја тешка несреќа во водите на Миљацка, во центарот на Сараево, при што Аднан не преживеа, а Емир е хоспитализиран и во моментот состојбата му е стабилна.

Двајцата авантуристи сакале со гумен чамец да се спуштат во брзите води на реката. Иако ја имале целата потребна опрема, работите тргнале наопаку, не усепале да ја задржат рамнотежата и чамецот им се превртел.

Снимателот на порталот Klix.ba бил на лице место со намера да го сними нивниот спуст по реката, за жал место спустот го снимил потонувањето.

На местото на трагедијата веднаш дошла пожарникарска екипа и брза помош. Телата се извлечени и по направената реанимација Аднан не покажувал знаци на живот.

[nggallery id=36]

Би можело да ве интересира

Предложен едномесечен притвор за министерот Бојан Бошњак

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Пукање во средно училиште во Сараево, ранет ученик

Пукање во Сараево, полицијата во потрага по двете криминални групи

Од ноември нема веќе летови Скопје-Сараево

A1on

Пожар во Сараево, гори минирана површина