Судот или шумската полиција, кој го урива системот?

Од:

„Судот ја изигра шумската полиција. Со одлука на Основниот суд, Охрид неодамна на приватна фирма од Охрид и биле вратени комбињата кои беа запленети од страна на шумската полиција, а за кои се тврдеше дека биле полни со дрва“, објави, порталот „Охрид1“.

Правосилната пресуда за враќање на запленетите превозни средства не била испратена до шумската полиција која го покренала делото и до Македонски шуми, во чиј склад се чуваа запленетите комбиња, пишува порталот, повикувајќи се на избори од судот.

Судот со тоа што не ја известил за пресудата ја изиграл шумската полиција, која не знаела за донесената пресуда цели 15 дена, точно толку колку што трае рокот за жалба која би можела да ја поднесе полицијата, со што била донесена пред свршен чин.

„Ваквото финале на работите со заплената на возилата отвора едно прашање. Која од двете институции, во случајо судот или шумската полиција го урива системот ? Која работи како што не треба ? Дали судот ја надитри шумската полиција и ја стави пред свршен чин, или пак шумската полиција работи надвор од законот, па се изживува врз граѓаните и фирмите и им запленува подвижен имот со што им нанесува материјална штета“, пишува , порталот.

Би можело да ве интересира

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on