Командири во затворот Идризово принудувале затворенички на секс. Со вакво обвинување, на помош во ТВ Канал5, се јавиле две жени кои отслужуваат затворски казни во Идризово. Едната тврди дека одбила да има сексуални односи и добила казна – самица.
Лошо минувале сите кои ова го одбивале.
Директорката на Управата за извршување на санкции Лидија Гавриловск, пренесува телевизијата, била зачудена од ваквите изјави на затвореничките. Таа вели дека женскиот затвор е одвоен од машкиот и во него има единствено чувари – жени.
Гавриловска за Канал5 вели дека ова се несериозни обвинувања, бидејќи наместо да пријават во полиција или во управата, затвореничките решиле да зборуваат преку медиумите, но сепак в понеделник ќе ја провери состојбата. Тие пак велат дека се плашат изживувањата да ги пријават за да се заштитат себе си од поголеми неволји, а истовремено за да си го зачуваат бракот.