Нил Армстронг првиот човек што стапна на Месечината, умре на 82 години, поради компликации по операција на срцето.
Овој астронаут на почетокот на месецов се подвргна на операција на срцето поради запушување на коронарните артерии.
Ќе остане запаметeна неговата реченица кога стапна на Месечината: „Oва е мал чекор за човекот, но голем за човештвото“.
Армстронг беше командир на Аполо 11 и заедно со неговиот колега Едвин Баз Олдрин помина три часа во прошетка по Месечината.
Потестување на првите чекори на човекот на месечината од видеото.