Пожари во Србија: Не можеме да излеземе, опколени сме

Од:

Во гаснењето на пожарот во околината на Чачак во Србија, повредени се три лица, еден пожарникар и двајца мештани, а Секоторот за вонредни ситуации наложи итна евакуација на жителите од околните села.

Пожарот кој избувна во околината на Сувобор се зканува на околу 300 домаќинства, а во неговото гаснење ќе се упати и рускиот авион „Беријев 200“ кој денеска пристигна од Москва во Србија.

Пожарот кој избувна синоќа повеќе не е под контрола и зафати 300 хектари борово шума.

На снимката од агенцијата Танјуг испаничените мештани немоќно гледаат како огнената стихија голта се пред себе, додека околу нив се изгорените остатоци од возилата.

„Не можеме да излеземе, опколени сме“, вика една жена.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на маж кој најверојатно се задушил

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор