Странските воени сили во Авганистан објавија дека високиот лидер на пакистанските талибанци Мулах Дадулах е убиен вчера, при воздушен напад на коалициските сили.
Убиениот Дадулах, бил самопрогласен лидер на талибанците во племенската област Бајур, во Пакистан. Тој го презел местото на поранешниот лидер Маулви Фахир Мохамед кој побегнал во Авганистан поради опасноста од „операциите“ на пакистанските воени сили.
Милитанти поврзани со талибанците делуваат на двете страни на авганистанско-пакистанската граница. Целите на нивните напади се коалиционите сили во Авганистан и пакистанската армија.