Поскапувањето на бензините и струјата, ќе повлече лавина поскапувања.
По лебот, ќе порасне цената и на маслото за јадење.
А1 веќе објави дека месото ќе поскапи околу 20%, а и млекопроизводители веќе најавуваат зголемена цена.
За одредувањето на висината на цените сепкат ќе се одлучи на средбата и анализите на состојбата на производителите во Стопанските комори.
Поскапувања и новиот ценовен шок го најави и вицепремиерот Зоран Ставревски, кој пред неколку дена изјави дека растот на цените може да предизвика инфлаторен бран, со што ќе се повлече зголемување на цените и на други производи.
Ставрески не вети директни мерки што можат да го ублажат овој ценовен шок.