Картонската статуа на Сулејман Величествениот во изминативе неколку дена ја шетаа на неколку локации во Загреб, како реклама за почетокот на емитувањето на познатата турска серија во Хрватска. Статуата последно беше преместена во трговскиот центар, но изминатата ноќ некој ја украде.
Обожавател на Сулејман Величествениот од Хрватска не можел да одолее на картонската статуа на актерот Халит Ергенк кој ја игра познатата улога.
Откако статуата на Сулејман и неговата избраничка Хурем беа украдени од трговскиот центар, хрватските медиуми се шегуваат-побараа да се јави секој што има информации за киднапирањето на на славниот војсководец.