Огромна штета во струмичко Ново Село. Грдаот буквално уништи повеќе од 3.000 хектари бостан, тутун и лозови насади.
Ова се првичните проценки на Комисијата за проценка на штети од невремето, која ова го утврди на лице место.
Комисијата констатираше дека се работи за штета на околу 3.000 хектари обработливо земјоделско земјиште засадено со бостан, тутун, компир и лозови насади.
Огромна штета од поројните дождови е нанесена и на куќи во селата Сушица и Зубови, а и на локалната патна инфраструктура.
Поројниот дожд , ја прекина пролетната сеидба во струмичко.