Еден непалски селанец, кого го касна змија отровница, и се освети и ја гризна смртоносно, соопшти полицијата.
Мохамед Салмо Мија, работеше на поле кога го касна отровна кобра.
Фармерот, бесен ја уби кобрата со заби“, изјави шефот на локалната полиција.
Фармерот добил противотров и се опоравува во својот дом.
„Можев да ја убијам со стап, но се разбеснев и ја изгризав до смрт“, изјави тој.
Непал е познат по змии отровници кои се особено активни за време на зимските монсуни. Меѓу змиите се и индискиот камен питон кој може да порасне и до 10 метри и смртоносната кралска кобра.